Нови трендови во музичката култура кај младата популација во Скопје, Република Македонија
Abstract
Со промената и развитокот на општествено-економските и техничко-технолошките услови, музичката култура во светот во новиот милениум започна драстично да се менува. Како резултат на културните,социјалните, економските и политичките опкружувања и превирања се појавија голем број нови жанрови и стилови кои во основа го проширија,па дури и комплетно го изменија поимањето на зборот музика. Постојаната сегментација или појавата на нови културни кругови, правци и сл. Ја направија музичката култура многу покомплексна од кога било.