ИСТОРИЈАТОТ И РАЗВОЈНИОТ ПАТ НА ГУДАЧКИТЕ ИНСТРУМЕНТИ: ВИОЛОНЧЕЛО И КОНТРАБАС (2)
Abstract
Во овој текст се осврнуваме на гудачките инструменти виолончело и контрабас. Основната функција на виолончелото е да ја изведе басовата линија (хармонските прогресии и педалните тонови), самостојно или во октава (ретко и унисоно). Дури романтичарите во полна мера го употребуваат виолончелото како мелодиски инструмент и во оркестарот му даваат истакнато место. Генерално, во современата музика токму поради специфичниот романтичарски призвук виолончелото ретко се користи со мелодиски делници, а повеќе како дел од оркестарската звучност. Контрабасот, како инструмент од групата генерал-бас, долго време има второстепена улога, токму поради тоа што се користи редовно удвоен со виолончелата. Тесната поврзаност на виолончелото и контрабасот во оркестарската примена се задржала сè до 19-тиот век. Меѓу првите композитори кои му дале значајна улога на виолончелото во оркестарот со нивно разделување од делницата на контрабасот е Лудвиг ван Бетовен (Трета симфонија – Ероика).
Клучни зборови: гудачки инструменти, виолончело, контрабас, историјат.