Темброт на народните музички инструменти во делото трета симфонија „рустика” оп. 58 на композиторот Властимир Николовски (1925-2001)

Authors

  • Goce Gavrilovski

Abstract

Во текстот темелно и доследно ќе се опише и дефинира темброт на оркестарската група на народни музички инструменти, нивните својства и карактеристики во Третата симфонија „Рустика“, op. 58 на композиторот Властимир Николовски. Од бројното македонско музичко творештво се одредивме токму за делото Трета симфонија „Рустика“, оп. 58, (1975) од причина што е едно од првите дела во македонското творештво во кое имаме употреба на народни музички инструменти. Што се однесува до поимот рустика, најмногу е впечатлив при рустикалното исполнување на инструментите, посебно во нивните соло- делници. Всушност,инспирацијата е од рустикалното фолклорно пеење кое претставува наша национална вокална основа, а во делото е појавено преку употреба на инструментација на вокалот - оркестрација на човечкото пеење на сцена,преку разни музички инструменти.

Downloads

Published

2013-04-16

Most read articles by the same author(s)