УПОТРЕБА НА ФОЛКЛОРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И УМЕТНИЧКАТА ТРАНСПОЗИЦИЈА НА ФОЛКЛОРОТ ВО ВТОРИОТ СТАВ „ЛАМЕНТОЗО“ ОД СИМФОНИЈАТА БРОЈ 5, НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМА ПРОШЕВ

  • Goce Gavrilovski

Abstract

Вториот став „Ламентозо“ од Симфонијата бр. 5 на композиторот Тома Прошев содржи цитирана и обработена народна тема „Црна се чума зададе“, во која при нејзината стилизација, одредени фолклорни елементи се полесно препознатливи, некои составни елементи и мотиви наликуваат на оригиналната народна песна, додека други само наговестуваат или содржат фолклорни идиоми. Во трудот ќе се издвојат покарактеристични места низ текот од делото, со објаснување за присутноста и употребата на фолклорните елементи во ставот и нивните особености изразени од аспект на: тембар, фактура и оркестрација како и функција на употребените музички инструменти дадени во примерите од партитурата на делото.

Клучни зборови: уметничка транспозиција, современо творештво, музички фолклор

Published
2019-05-14