Присутноста, употребата и улогата на музичките инструменти во дел од оркестарското творештво на Томислав Зографски (1934- 2000)
Abstract
Поаѓајќи од фактот дека музичките инструменти го претставуваат првиот услов за создавање на едно симфониско дело, за оформувањето на музичката мисла и нејзиното материјализирање, што повторно се зависни од изборот на музичките инструменти, нивните репродуктивно-технички можности и нивната соодветна примена тема на ова истражување се музичките инструменти и начините на кои тие го структуираат и озвучуваат музичкото дело.