Педагошката пракса во едукативниот процес на идните наставници по музичко образование
Abstract
Во изминатиот период во Р. Македонија се случија две битни промени и реформи во рамките на образовниот систем кои се од разија и врз наставата по музичко образование. Тоа се: (1) воведувањето на деветгодишното основно образование (Концепција за деветгодишно образование 2007) и (2) воведувањето на Болоњскиот систем во македонското високо образование. Без оглед на овие промени, основните цели и задачи во образувањето и оформувањето на профилот наставник помузичко образование се засноваат врз стекнување на темелно и целосно музичко образование. Системот на институционално образование и воспитание во Р.Македонија на идните наставници по музичко образование се одвива при факултетите за музичка уметност, насока музичка теорија и педагогија,преку остварување на предвидени наставни планови и програми.