Историски аспекти на орската традиција во Овче Поле
Abstract
За народните ора од Овче Поле досега се издадени неколку стручни трудови каде што се обработени народните ора што се играле во периодот на четириесеттите, педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Такви се научните трудови на: Ганчо Пајтонџиев, Македонски народни ора, издаден во 1973 година, Александар Линин, Македонски инструментални орски народни мелодии, издаден во 1978 година и на Михајло Димовски, Македонски народни ора, каде што се обработени ора од репертоарот на Ансамблот за народни игри и песни, издаден во 1977 година. Исто така, познатиот српски етнограф, Јован Хаџивасиљевиќ, во својата студија Кумановска област дава опис на ората од Козјачија и од Овче Поле.