Семејството како клучен фактор во работата на современото училиште
Abstract
Еден од основните мотиви кои ме поттикна да започнам да истражувам на оваа тема и воедно да ја напишам студијава е неминовната невидлива нишка којашто го поврзува семејството со училишната средина. Современото општество се грижи да се создаде континуитет во воспитувањето и образованието, а тоа е невозможно без блиска соработка на училиштето и семејството, од една страна и училиштето, семејството и општествената средина, од друга страна. Многу често родителите не доаѓаат редовно на родителските состаноци, соработката со училиштето не ја сфаќаат како постојана обврска, за неуспехот на детето еднострано ја обвинуваат средината во којашто живеат, другарчињата и училиштето, неоправдано ги критикуваат наставниците. Факт што загрижува е дека некои родители исклучително училиштето го сметаат за одговорно за воспитанието и образованието на своето дете, а своите обврски ги сведуваат во рамките на исхраната,облекувањето и заштитата.
Меѓутоа, не се само родителите виновни ако не дојде до успешна соработка меѓу нив и наставникот. Добар дел од вината ја имаат наставниците и училиштата. Се случува наставниците да ја потценуваат улогата на родителите, не ги сметаат за рамноправни соработници,организираат состаноци без интересни содржини, не се грижат доволно за проблемите на учениците.
References
Петар Мандич: Сарадња породице и школи, Завод за издавање уџебника, Сарајево, 1968.
Слободан Јакшич: Школа и породица, Едиција – Марксизам и образование, Београд, 1976.
Перо Шимлеша: На путу до реформиране школе, Педагошко – книжевен збор, Загреб, 1977.
Орлович – Поткоњак: Породица и личност, Настава и васпитање, бр. 1/1975.
Вељко Бабиќ: ,,Меѓуљудски односи у школи”, ,,Светлост” ООУР Завод за уджебнике и наставна средства, Сараево.
Кети Т. Арсовска – Несторовска, Соработката на училиштето со родителите, ,,Микена”, Битола.