Семантиката на турскиот суфикс -ли /-lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во турскиот и во македонскиот јазик
Authors
Marija Leontic
Abstract
Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет векаи влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик е големо.Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик.Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиотјазик се гледа особено во внесување на нови суфикси, како што е -ли /-lİ/(-lı, -li, -lu, -lü). Овој суфикс има зборообразувачка функција. Пр. аирлија,кавгалија, касметлија, локумлија, лимонлија, марифетлија, мераклија,памуклија, табиетлија, фајдалија, шербетлија и сл.Турскиот суфикс -lı, -li, -lu, -lü (-ли) успеа да се оддели од лексичкатазаемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција вомакедонскиот јазик. Пр. ѕвездалија, зимурлија, пубертетлија, имотлија,среќлија, универзитетлија, факултетлија и др.Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс -ли(-lı, -li, -lu, -lü) во турскиот и во македонскиот јазик.