Улогата на измамата и маските во Хамлет

Authors

  • Natalija Pop Zarieva

Abstract

Измамата и маските се важен елемент на многу драми одШекспир, како Отело и Дванаесеттата ноќ, но во трагедијата Хамлетцелото дејство е базирано на повеќекратни измами исткаени од главнитеи споредните ликови. Цел на овој труд е да се претстават и анализираатпричините и последиците од измамите и лажното претставување наликовите во оваа трагедија, да се утврди како тие влијаат на развојот надрамскиот текст, на впечатливоста на главниот машки лик и на крајот надрамата. Исто така, се разгледува прашањето дали измамата е деструктивнаили може да има и позитивни ефекти, дали таа го прави Хамлет херој илиантихерој и дали неговата фатална грешка лежи во фактот што предолгого жали својот татко или, пак, во решеноста да ја одмазди неговата смрт.

Downloads

Published

2015-06-30

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>