Толкувачки проблеми

Authors

  • Darinka Veselinova

Abstract

Tрудот со наслов „Толкувачки проблеми“ започнува со кус вовед во науката за толкувањето како дисциплина која е млада, несамостојна и која сè уште се развива. Потоа се определува процесот на толкување и се дефинираат толкувачките проблеми со кои толкувачот се соочува често при својот професионален ангажман и се разграничуваат толкувачките проблеми од толкувачките тешкотии. Следува кус преглед на најчестите проблеми што се јавуваат во процесот на толкување во однос на причинителите: појдовниот текст, јазичниот и културниот пар и прагматската заднина, иако постојат и други класификации, како на пример, според фазата од толкувачкиот процес, во која се јавуваат и според тоа дали се препознатливи или не. Потоа се прави дидактички пристап кон толкувачките проблеми со наведување на генералните стратегии што се користат секојдневно во толкувањето, како и на генералните стратегии по кои посегнува толкувачот кога ќе наиде на некаков проблем. На крај се заклучните согледувања од оваа научна работа.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)