Улогата на директорот вo мотивирањето за прифаќање промени во училиштето
Abstract
Промените се постојани, промените создаваат проблеми,тие бараат решенија, решенијата создаваат нови промени, а тие пакнови проблеми. Само оние институции кои ќе ги следат промените штонеминовно се наметнуваат во променливиот свет во кој живееме ќеопстанат. Секоја промена што ќе се обидеме да ја забавиме или да јаигнорираме подоцна се јавува со уште поголем интензитет. Затоа, да не сеобидуваме да ја спречиме, да научиме да се справиме со неа.Директорот-менаџер во училиштето треба да има способност заанализирање на состојбата на организацијата со која менаџира, односнокаде сме, во кој правец се движиме, на кој начин, со кои средства, со коилуѓе и на крајот да согледа колку во тоа сме успеале.