Најчести проблеми при изучувањето на македонскиот јазик како странски
Abstract
Изучувањето на јазик претставува општо богатство, а пак учењето на повеќе јазици е добро, пред сè, затоа што живееме во свет во кој се зборува на многу јазици. Истражувачките искуства покажуваат дека изучувањето на два или повеќе јазици има само позитивни страни. Меѓутоа, за да се совлада еден јазик потребно е да се прескокнат многу препреки. Поради својата структура, македонскиот јазик е интересен за лингвистите и ги провоцира да се занимаваат со него. Од друга страна,нашиот јазик високо котира во европската литература и се преведува на многу странски јазици и за таа цел се учи. Во следнава статија е направена една кратка анализа за тоа како странците го совладуваат македонскиот јазик и кои тешкотии им ги носи изучувањето на нашиот јазик.