Меморијата-CONDITIO SINE QUA NON за толкувачите
Abstract
Дали некогаш додека сте следеле конференција на која се зборуваат 15 странски јазици, сте се прашале кој е клучниот елемент што овозможува воспоставување на разбирање меѓу учесниците? Одговорот е толкувањето. Овој труд нема да го посветиме на начинот на кој се организира една конференција од ваков ранг, туку на толкувачите и на нивната психичка особина која е conditio sine qua non – меморијата.
Колку добро толкувачот ќе се справи со притисокот што го наложува оваа улога, зависи од познавањето на работниот и на мајчиниот јазик,но и способноста за меморирање на голем број податоци. Симултаното толкување не значи зборување истовремено со говорникот, туку прво толкувачот чека додека говорникот не го заврши исказот (мислата), па потоа започнува со толкувањето. Временската разлика во зборувањето на говорникот и на толкувачот се нарекува décalage. Без добро извежбана меморија оваа временска разлика може да биде и најголем непријател на толкувачот. Со завршувањето на една мисла, говорникот започнува друга,а толкувачот допрва треба да ја истолкува првата мисла, а во меѓувреме да ја слуша и памети другата. Без доволно вежби за меморија, толкувачот се ограничува на паметење на помалку податоци, што во многу случаи може да претставува и огромен проблем особено кога се толкува од германски на македонски јазик. На пример, без да се слушне глаголот не може да се направи целина во толкувањето, а во многу случаи глаголот,во германскиот јазик, стои на крајот од реченицата. Во вакви случаи се очекува од толкувачот да антиципира, за да не загуби дел од исказот при толкувањето.
References
Алексоски, С. (2006). Општа психологија со криминалистичка психологија, Скопје.
Алексоски, С. (2007). Деловна комуникација, Скопје.
Алексоски, С. и Цветановиќ, В. (2002) Култура на општење во педагошка и деловна комуникација, Штип.
Алексоски, С. (1997). Криминална психологија (психосоцијални фактори на престапништвото на младите), Штип.
Buzan, T. i Buzan, B. (1999). Mape uma, Beograd.
Buzan, T. (2000). Savšeno pamćeenje, Beograd.
Зиганов, М. и Козаренко, В. (1999). Мнемотехника, Москва.
Керамичиева, Р. (2002). Психологија во образованието и воспитанието, Скопје.
Тодевска, Ј. (2010). Техники на бележење за консекутивно толкување, Годишен зборник на Филолошкиот факултет во Штип, Штип, 189- 195.
Тодорова, И. (1994). Разбуди го својот креативен ум, Скопје.
Трајкова, В. (1995). Психологијa, Скопје.