Дали на нашите училишта им се потребни наставници-лидери?

Authors

  • Sonja Petrovska

Abstract

Наставниците имаат клучна улога во пренесувањето и унапредувањето на човековото искуство и знаење. Со оглед на енормно високиот техничко- технолошки развој и глобализацијата, наставничката професија станува сè посложена. Таа повеќе не се поврзува само со компетентност за учење и поучување на оние кои им ги доверило општеството, туку и со компетентност за активна партиципација во развојните текови на училишната организација. Нашата анализа на бројни емпириски и теориски истражувања упатува на констатацијата дека лидерската улога на наставникот е значајна за демократизација на училишната клима, таа придонесува во поддршката и поттикнувањето на учениците за постигнување на повисоки училишни резултати, ги мотивира наставниците на соработка и партнерство и го поддржува процесот на доживотно учење.

Downloads

Published

2013-04-12