ИДЕНТИТЕТОТ НА АЛБЕРТИНА ИЛИ ЗА НЕДОЛОВЛИВАТА СТВАРНОСТ КАЈ ПРУСТ

  • Eva Gjorgjievska

Abstract

Употребата на меморијата како средство за структурирање на литературниот текст, преплетувањето на минатото со сегашноста, подвојувањето на раскажувачкиот субјект, претставувањето на ониричките состојби на духот и телото се некои од својствата кои го одбележуваат делото на Пруст. Но, доколку сегментите на минатото и атмосферата на сонот го фрагментираат сеќавањето на нараторот, со ликот на Албертина фрагментарноста станува одлика на перцепцијата обременета од копнежот. Во текстот кој следи ќе се задржиме на анализа на ликот на Албертина преку чие постепено создавање може да се согледа прустовата поетика на недоловливост.

Published
2017-02-08

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2