ЗА НЕКОИ ДИЈАЛЕКТНИ НАЗИВИ НА РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ ВО РАДОВИШКИОТ ГОВОР И НИВНАТА СИМБОЛИКА

  • Packa Taseva

Abstract

Во овој труд ќе бидат разгледани некои дијалектни називи од областа
на растителниот свет во Радовишко, а ќе се укаже и на нивната симболика,
обичаите и верувањата кај локалното население поврзано со некои растенија.
Оваа статија е дел од магистерскиот труд со наслов „Дијалектните називи на
растителниот свет во радовишкиот говор и нивнaта симболика“ и претставува
резултат од истражувањето добиено од дијалектните материјали собирани од
радовишкиот говор за називите на растителниот свет. Овој труд има за цел
да ги прикаже дијалектните називи на оние растенија кај кои се среќаваат
дијалектни диференцијации меѓу македонскиот стандарден јазик и радовишкиот
говор. Во овој труд ние издвоивме девет тематски подгрупи со по повеќе од
десетина лексички единици во нив: тревки, билки; печурки; житни култури;
цвеќиња; градинарски култури; овошки, овошни дрвја; зимзелени и листопадни
дрвја; грмушки и индустриски култури. Дијалектните називи за тие растенија
се прикажуваат на фонолошки план, морфолошки план, а доколку постои
фразеолошки израз за нив и тој се дава во изворна форма. Во посебно поглавје
Прилози се прикажуваат: приказни, песни, народни верувања и обичаи, старнски
рецепти, поговорки и гатанки кои се запишани од испитаниците на радовишкиот
регион, напишани на радовишки говор.

Published
2018-12-22