ПСИХОЛОШКИОТ РЕЛАТИВИЗАМ ВО РОМАНОТ „ПОКОЈНИОТ МАТИЈА ПАСКАЛ“ ОД ЛУИЏИ ПИРАНДЕЛО

  • Cvetanka Stoilova

Abstract

Луиџи Пирандело, еден од најистакнатите писатели во Италија, е претставник на
психолошкиот релативизам во литературата. Целта на овој дипломски труд е да се истражи и
анализира поетиката на релативизам во еден од неговите најзначајни романи Покојниот Матија
Паскал. Пирандело воведува новини во техниките на современиот расказ, изнесувајќи ги своите
концепции за живот и давајќи една филозофска нишка што го проткајува целото дело. Матија
Паскал ја раскажува приказната за својот живот во кој уште додека е жив „умира“, два пати, и
ниту првиот, ниту вториот пат не успева да се прероди. Сосема спротивно: на крајот е осуден да
биде жив, но прогласен за мртов, од него останува само сенка, дух на она што можел да биде,
споредна улога во претставата за неговиот сопствен живот. Преку ликот на Матија Паскал,
Пирандело ни го претставува вечното движење на човековиот дух и апсурдното настојување тој
да се дефинира и присилно да се стави во фиксна форма.

Published
2018-12-22