БОРБАТА ПРОТИВ ЈАЗИКОТ НА МАЛЦИНСТВАТА ВО СФЕРАТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ВРЕМЕТО НА ФАШИЗМОТ ВО ИТАЛИЈА

  • Valentina Milosevikj-Simonovska

Abstract

Во овој труд се зборува за агресивната асимилаторска јазична политика на
фашистичкиот режим спроведувана во периодот од дваесеттите до четириесеттите години на 20
век во Италија. Таа била насочена кон етничко-јазичните малцинства во новоприсоединетите
територии кон Италија по Првата светска војна, а се реализирала и во сферата на образованието
кое било извонреден канал за оформување на италијанскиот јазик и дух. Со бројни јазично-
легислативни мерки фашистичката власт се стремела да обезбеди потполна употреба на
италијанскиот јазик и истиснување на сите останати малцински јазици, а со тоа и национална
интеграција на целата територија на Италија.

Published
2018-12-22