„АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ 1“ ОД АВТОРКИТЕ ВИОЛЕТА ЈАНУШЕВА И БИСЕРА К. СТОЈЧЕВСКА
Abstract
Во овој текст се претставува учебникот „Академско пишување 1“ од
авторките Виолета Јанушева и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Ова е прво издание на
учебникот, наменет за студентите што го слушаат предметот Академско пишување во текот на
своите студии. Во текстот, акцентот се става на претставување на структурата на учебникот, на
неговата важност, како и на неговиот придонес за подобрување и унапредување на писменото
изразување на студентите.