КОМПЕТЕНЦИИ И МЕТОДИ ПРИ ЕВАЛУАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ

  • Jovana Karanikikj Josimovska
  • Eva Gjorgjievska

Abstract

Трудот има за цел да го сподели искуството од евалуацијата и
оценувањето и проверката на знаењата во наставата по италијанска книжевност во
рамки на Студиската програма по италијански јазик и книжевност на Универзитетот
„Гоце Делчев“ од Штип. Предметот Италијанска книжевност е организиран во
семестрални курсеви и нуди хронолошки преглед на италијанската книжевност од 13-
ти до 20-ти век. Наставата е организирана во вид на лекции од теоретски карактер и
вежби, како и низа други интерактивни или мултимедијални активности. Почнувајќи
од првите години во кои се предаваше предметот, па сè до денес, начинот на
евалуација на напредокот на студентите, и следствено, оценувањето, во текот на
наставата претрпе неколку измени. Според тоа, првиот дел се однесува на книжевниот
текст како центар околу кој гравитираат сите учесници вклучени во наставата по
книжевност, притоа водејќи сметка за компетенциите што има за цел да ги развие кај
студентот во текот на студиите. Потоа, се претставени различните методи на
оценување применети досега, вклучително и активности кои поттикнуваат употреба
на нови технологии заедно со различни алатки и средства за проверка на знаењето,
како што се пишаните и усни тестови, секогаш имајќи ги предвид резултатите кои се
остварени досега.

Published
2019-11-28