САМОРЕФЛЕКСИВНОСТА НА СКРИЕНАТА КАМЕРА

  • Vesna Kozinkova

Abstract

Саморефлексивноста е од особен интерес на романсиерите од
последните триесет години кои со право се нарекуваат мета-прозни бидејќи сите тие се
обидуваат, и главно успеваат во тоа, да ја истражуваат теоријата на прозата низ практиката
на пишување проза. Метатекстуалноста во македонскиот постмодернистички роман е
својство коешто е присутно, но исто така својство коешто може да биде третирано и
разгледувано од различни аспекти. Со оглед на тоа што Патриша Во констатира дека
метатекстуалноста се гради на матрицата на реалистичкото писмо, топосите, кои ќе ги
земеме предвид при анализата на романот „Скриена камера“ од Лидија Димковска (2004),
се конвенциите на реализмот: лик, раскажувач, фабула. Притоа нема да ги запоставиме
ниту дискусиите во романот околу жанровската припадност на делото. Заглучокот е дека
во него доминираат автореферентни единици во кои нараторот настапува од позиција на
критичар. Позицијата на критичар дозволува влез во фикционалната илузија и овозможува
увид во техниката на раскажување.

Published
2020-12-26