ОСВРТ КОН „ПРАГМАТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА“ ОД МАРИЈА КУСЕВСКА И БИЛЈАНА ИВАНОВСКА

  • Eva Gjorgjievska

Abstract

Оваа статија има за цел да ја претстави книгата „Прагматички
истражувања“ на уредниците Марија Кусевска и Билјана Ивановска. Книгата е наменетa
за сите оние кои покажуваат интерес за истражување во областа на прагматиката,
говорните чинови и истражувањата поврзани со оваа проблематика, воопшто.
Содржината на книгата е претставена на 281 страницa, а самата монографија се состои
од тринаесет поглавја во кои се претставени истражувањата на повеќе автори во областа
на прагматиката во македонски контекст. Значењето на оваа книга е огромно – во неа
се преточени искуствата на авторите од нивната истражувачка работа, но и нивното
животно искуство стекнато преку едукацијата, како и преку нивната практична работа.

Published
2021-11-03