Проф. д-р Снежана Веновска-Антевска (1959 – 2020)
Abstract
Проф. д-р Снежана Веновска-Антевска е родена на 2 јули 1959 година во
Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје беше вработена
во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на Одделението за
современ јазик, каде што по одбраната на докторската теза „Сврзникот но во
македонскиот јазик (дијахронија, синхронија, перспективи)“, се стекнува со
научно звање. Таа беше научен советник во Институтот за македонски јазик
„Крсте Мисирков“ во Скопје и директор на оваа научна установа во периодот
од 2002 до 2006 година. Во својата долгогодишна плодна научна работа д-р
Снежана Веновска-Антевска беше раководител или соработник на повеќе
национални и меѓународни научни проекти и има објавено повеќе од дваесет
монографски трудови, самостојно или во коавторство, и над 200 научни прилози
во домашни и во странски списанија. Нејзина потесна област на истражување
беа: синтаксата, текстуалната лингвистика, комуникологијата, како и состојбите
на современиот македонски јазик.