ЗА ПРЕВОДОТ НА АНТРОПОНИМИТЕ,ТОПОНИМИТЕ И ТИТУЛИТЕ ВО СЕРИЈАТА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

  • Lucija Videska

Abstract

Со растот на популарноста на фикцијата во последните неколку
децении на 21-от век се појави и проблемот за соодветно преведување на разновидните
поими кои ги среќаваме во делата кои најчесто се во пишана форма, а неретко завршуваат
и екранизирани на големото платно, односно се преточуваат во филмски ремек-дела
или во телевизиски серии. Главен фокус на овој труд е серијата „Игра на тронови“
(Game of Thrones) која своевремено рушеше рекорди на гледаност. Фантастичниот свет
на змејови, војни и спектакуларни битки, магија и мистерија на Џорџ Р.Р. Мартин е
волшебна интрига за гледачите, но и предизвик за преведувачите. Особен предизвик
за преведувачите претставува преведувањето на необичните антропоними и топоними.
Соодветниот превод треба да ја долови првобитната замисла на еден многу креативен
автор и да го задржи вниманието на гледачот кој не го говори изворниот јазик на авторот.
Првиот дел од овој труд ќе биде посветен на основните аспекти на преведување
релевантни за оваа тематика како и техниките на преведувањето, а во вториот дел ќе
биде разгледано преведувањето на антропонимите, топонимите и имињата на титули.
Овој труд ќе се фокусира и на откривање на најсоодветната преведувачка техника која
може да биде искористена при преведувањето на ваков тип фикција како и на останатите
преведувачки техники кои би биле адекватни за да не се изгуби изворната смисла и
оригиналноста на делото.

Published
2022-01-29