Лингвистичкиот релативизам преку прегледот на еуфемизми и принципите на Новоговорот во „1984“
Abstract
Трудот се посветува на заемниот однос на јазикот и мислењето преку теоријата на лингвистичкиот релативизам (Бенџамин Ворф и Едвард Сапир), репрезентацијата на Новоговорот во „1984“ на Џорџ Орвел, неговите погледи на ограничувачката функција на јазикот кога е во прашање осознавањето на светот околу субјектот, како и манипулативната функција на еуфемизмите во современово доба.
Клучни зборови: лингвистички релативизам, еуфемизми, Новоговор, 1984, антиутопија, јазик