БАЛКАНСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ХРОНОТОП ВО СОВРЕМЕНАТА ПОСТКОЛОНИЈАЛНА КРИТИКА

  • Vesna Kozhinkova

Abstract

Со оглед на специфичноста на Балканот, неговата историја и
географија, во поново време тој сѐ повеќе се наметнува како топос кој е исклучително
интересен за постколонијалната критика. Во сите текстови кои се објавени и напишани
за него, Балканот е опишан како нешто Друго во однос на Европа, како нешто што
не води сметка за стандардите коишто цивилизираниот свет ги има поставено како
нормативи. Балканот е варварски, примитивен, насилен, нестабилен, непредвидлив,
регресивен, со еден збор тој е сѐ она што Европа ниту била, ниту, пак, ќе биде. Дискурсот
за Балканот како мешавина на различни култури, јазици, обичаи е присутен од самото
негово откривање, а сведоци сме дека постои и ден денес. Неговата поставеност меѓу
Ориентот и Окцидентот му обезбедуваат сличност и со едниот и со другиот. Со оглед
на неговата неусогласеност и способност во секој момент да биде „буре барут“, тој
секогаш претставува потенцијална опасност и закана за европските традиции и норми.
За нашето истражување мошне е интересна токму и темата – како и колку Македонија и
„македонските работи се теми во рамките на европскиот и балканскиот постколонијален
дискурс? Го поставуваме прашањето истовремено потсетувајќи дека Македонија во
својата далечна, помалку далечна и сегашна историја има многу теми и дилеми кои
можат да бидат интересна тема за еден таков постколонијален дискурс.

Published
2022-11-05