ЗНАЧЕЊЕТО НА МЕТОДИТЕ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК
Abstract
Усвојувањето и учењето странски јазик во периодот од крајот
на минатиот век, па досега, на светски план го привлекува вниманието на голем
број науки, а особено на лингвистиката, педагогијата и на психологијата. Со оваа
проблематика се занимаваат голем број методичари и лингвисти кои се обидуваат да
најдат приоди и методи кон полесното учење на странскиот јазик. Како што е познато,
некои од наставните методи не се задржале во наставата, а други, пак, се покажале како
функционални и останале да се применуваат и на современ план.
Во овој труд правиме преглед на дел од постоечките методи кои го пронашле
своето место во наставата по странски јазик, како и обидот да ја докажеме нивната
функционалност. Исто така, вршиме и осврт кон некои традиционални методи кои се
покажале како помалку ефективни во наставата според денешните согледувања.
Ќе ги прикажеме и улогата и ставовите (поврзани со наставните методи) на
Заедничката европска референтна рамка за јазиците, како и актуелната состојба во
наставата по македонски јазик како странски.