Застапеноста на моралните вредности во учебниците по македонски јазик во основното образование (предметна настава) во Република Македонија
Authors
Zagorka Donska
Abstract
Презентирањето на моралните вредности преку наставниотпроцес во основното образование е многу важно за формирањето наморалниот лик на учениците. Ова презентирање се одвива главно прекупредметот Македонски јазик. Ги истражувавме текстовите во кои сезастапени морални вредности во учебниците по македонски јазик од петтодо осмо одделение. Направивме анализа на сите четиринаесет учебниципо македонски јазик кои официјално се одобрени од Министерствотоза образование и наука на Република Македонија, при што утврдивмедека постои значителен број текстови во сите нив посветени на моралнисодржини. Ги разгледавме овие текстови и ги претставивме нашитезаклучоци.