Пинокио и шеќерното дете

  • Vesna Mojsova Chepisevska

Abstract

Оние автори кои го носат приматот на вистински авториза деца сфаќаат колку е тешко да се пишува за нив. Литературата задеца е сериозен дури и страшен предизвик за талентот на еден писател,зашто, како што вели големиот Антоан Де Сент-Егзипери, писателоттреба да се сети како му изгледал светот кога бил дете. Овој мој тексте обид да се покаже како преку добрата литература за деца може да сеповеде една борба против жестокиот атак на визуелните медиуми. Имено,и телевизијата и компјутерските игри во кои се задлабочуваат денешниведеца се нешто што треба да се прифати како неминовност на духотна времето, ама тие, априори поагресивни медиуми, ќе им бидатпомалку силни „противници“ на уметностите, ако им претходичитањето. И тоа – читањето на приказни со сликовници во коистатичноста на илустрацијата ќе го овозможи потребното време и заразговор и за вистинско восприемање на убавината на текстот, велиЈадранка Владова. Овој текст е и обид преку филмскиот да се навратимеи на малку подзаборавениот книжевен Пинокио, но да се потсетиме и намакедонскиот Пинокио!

References

Владова, Јадранка (2001). „Очовечувањето низ љубов или Пинокио“ во Литература за деца. – Скопје: Ѓурѓа.

Друговац, Миодраг (1996). Македонска книжевност за деца и младина. – Скопје: Детска радост.

Ѓорѓиевска-Димова, Виолета (1995). „Еден прилог кон темата фантастиката во делата на Славко Јаневски со посебен осврт кон Шеќерната приказна“ во XXI Научна дискусија. – Скопје: XXVII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 319-323.

Ивановска, Габриела (2006). Зад превезот на сказните во Мираж. – Скопје: 15 јули.

Јаневски, Славко (1993). Шеќерна приказна. – Скопје.

Cashdon, Sheldon (1999). The Witch must die – how fairy tales shape our lives, Basic Books. – New York: NY.

Колоди, Карло (1997). Пинокио. – Скопје: Детска радост.

Liti, Maks (1994). Evropska narodna bajka. – Beograd: Orbis.

Мојсова-Чепишевска, Весна (2000). „За уметничката сказна Шеќерна приказна“ во Литературни преокупации. – Скопје: Менора.

Starović, Dostinja (1987). „Razgovor o djelu“ во Karlo Kolodi. Pinokio. – Sarajevo: Svjetlost.

Published
2013-11-18