За традицијата и менталитетот во романот „Зона Замфирова“ од Стеван Сремац

Authors

  • Lusi Karanikolova

Abstract

Апстракт: Оваа статија ги третира т.н. „елементи на традицијата“ во романот „Зона Замфирова“ од Стеван Сремац.

Под „елементи на традицијата“ ги подразбираме оние ентитети кои служат за „прочит“, и тоа без особен напор, на обичаите, размислувањето и начинот на однесување, кои, секако и повторно „традиционално“ се, односно треба да бидат во согласност со она „нашето“ - „што ќе речат луѓето“ (=јавното мислење). Станува збор за увид во оние, вкоренети во нашиот, „балкански“ менталитет непишани правила на културата на живеењето, а кои традицијата ги задржала во една потесна или поширока социјална и национална средина. Тие, „елементите на традицијата“, треба да ги покажат (и не мора да ги докажат) белезите на менталитетот на еден народ.

Клучни зборови: менталитет, традиција, култура, културни протоколи.

 

Downloads

Published

2014-06-04

Most read articles by the same author(s)