Вредносната оска ДОБРО/ЛОШО во италијанските и во македонските пословици

Authors

  • Dijana Nikodinovska

Abstract

Овој труд има за цел да се проучи вредносната оска добро/лошо во италијанските и во македонските пословици за да се идентификуваат сличностите и разликите во семантичката сфера на пословиците во овие два јазика. Се тргнува од теориите на неколку научници што ја истражувале оваа проблематика како Сократ, Конфучиј и Спиноза со цел да се даде општа категоризација на поимите, како и нивна дефиниција во функција на вредносни категории. Потоа ги истражуваме основните критериуми за разграничување на аксиолошките категории, со цел да се истражи на кој начин категориите добро/лошо се применуваат и олицетворуваат конкретно во пословиците. Ќе се воочат и разликите и сличностите во начинот на кој овие два народа ги гледаат и доживуваат овие поими во разни сфери од човековото живеење. Резултатите до кои ќе дојдеме преку анализа на пообемен корпус на пословици од италијанскиот и македонскиот јазик ќе ја покажат структурацијата на ова аксиолошко поле во паремиологијата во двата јазика.

Downloads

Published

2013-04-12