Поврзаност со историјата. Методологија и систематика на именувањето во делата на Томас Ман
Peter Rau
Abstract
Во овој труд се дава осврт на методологијата и систематиката на именувањето во делата на Томас Ман. Романсиерот и новелист Томас Ман развива еден метод, односно една систематика, со чија помош тој го поврзува раскажувањето со историјата – со националната,европската и светската историја, во спој со културната, етно научната и политичката историја. Нашата статија се однесува на сите сигнификантни раскази, но во врска со романсиерското дело се ограничуваме на раните романи Buddenbrooks (Буденброкови) и Königliche Hoheit (КралскоВисочество). Само расказите ќе ги толкуваме до крај, но се подразбира дека методот и намерата остануваат да важат и во подоцнежните романи на нашиот автор.