Зборовната група детерминатори во македонскиот и германскиот јазик
Authors
Emilija Bojkovska
Abstract
Детерминаторите во македонскиот и тие во германскиот јазик се дефинираат според дистрибуцискиот критериум. Оваа зборовна група ја изразува референцијалната карактеристика на јазикот. Во двата јазика станува збор за лексички препозициски атрибути на именката,со исклучок на постпозициските членски морфеми во македонскиот,кои обично се сврзуваат со првиот збор во именската синтагма.Детерминаторите во германскиот јазик влијаат врз придавската флексија,што е главната причина за постулирањето на нуловиот член. Во македонскиот јазик таквото влијание отсуствува.