БИОТЕХНОЛОШКА ПРОЦЕДУРА НА ДОБИВАЊЕ НА АВТОЛОГЕН ДЕНТИНСКИ ГРАФТ ЗА СТОМАТОЛОШКИ И МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ
Abstract
Екстрахирaните заби сѐ уште се сметаат за клинички отпаден материјал и како такви се сметат за неупотребливи. Меѓутоа во денешно време со примената на специјалниот апарат-SDG од екстрахираните заби се добива автологен дентински графт.
Главната цел на трудот е да се претстави новиот протокол и новата процедура на добивање на минерализиран автологен дентински графт користејќи свежо екстрахирани заби, конкретно во овој труд применет за презервација на алвеоларен гребен и со можност на употреба во пополнување на дефекти во виличните коски и целокупниот скелетен систем. Исто така целта е насочена кон докажување на високиот потенцијал на автологниот дентински графт (ADG) во регенерирање на коскените и мекоткивните структури во виличните коски, зачувувајќи ги притоа вертикалните и хоризонталните димензии на алвеоларниот гребен. Користена е апаратурата наречена Smart Dentin Grinder (SDG) која овозможува за краток временски период од 3 секунди да се сомели екстрахираниот заб во дентински зрнца со големина од 300 до 1000 µ. Добиените дентински партикли подлегнуват на хемиска обработка со помош на употребените хемиски реагенси. Целата процедура е изведена по протоколот на Itzhak Binderman (2014 год). Добиениот АDG претставува солиден и прочистен графт материјал со задоволиделна количина за потребите во оралнохируршките интревенции. Се употребува имедијатно и економски е поприфатлив за пациентите. Дентинските честички кои се користат како графт материјал, треба да се сметаат за златен стандард поради остеогенетскиот, остеоиндуктивениот и остеокондуктивниот потенцијал. Добиениот и подготвен ADG може да се користи за водена коскена регенерација во различни области од медицината и стоматологијата.