УЧЕЊЕ СО ПОМОШ НА МОБИЛНИ УРЕДИ – ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА НОВОТО ВРЕМЕ
Abstract
Денес информациската и комуникациската технологија се речиси насекаде, па и во образованието. Учениците учат со употреба на компјутери и технологија и со нивна помош секојдневно развиваат нови вештини. Воведена е нова генерација на едукативни алатки со користење на мобилни уреди. Мобилната настава е за планирање и извршување на учење преку мобилни уреди. Овој начин на учење може да влијае и на професорите (предавачите), и на студентите. Ова учење е овозможено и преку Интернет кој помага да се создадат современи методи кога се интегрирани со педагошката настава. Целта на оваа студија е да ги разгледа придобивките и перспективата на мобилните уреди во образованието, како и предизвиците за универзитетите, професорите и студентите во нејзиното спроведување.