СПОРЕДБЕНА ТЕХНО-ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА ПОМЕЃУ ТЕРМИЧКИ ИЗОЛИРАН И ТЕРМИЧКИ НЕИЗОЛИРАН СТАНБЕН ОБЈЕКТ
Аннотация
Aпстракт
Во овој труд се прикажани пресметки на потребна енергија за греење на изолиран и
неизолиран станбен објект за една грејна сезона. Се работи за веќе постоечки станбен
објект за еден спрат од куќа. Станбениот објект сè уште не е надворешно изолиран, но
има избран вид на изолација, предложен од страна на градежен изведувач. Системот за
греење кој треба да се инсталира е етажно топловодно греење и вклучува: печка на
пелети, цевен развод и панелни радијатори како оддавачи на топлината. Најпрво се
пресметани коефициентите на премин на топлина на преградите, потоа загубите на
топлина и потребната енергија за греење. Направена е пресметка на трошоци во однос
на есенската цена на пелетите, и споредба на трошоците за изолиран и неизолиран
објект. Пресметан е и периодот на исплатливост, односно периодот по кој ќе се врати
инвестицијата за надворешна топлотна изолација. Цел на овој труд е да се укаже на
придобивките од топлотната изолација.
Клучни зборови
греење, термоизолација, инвестиција;