АЛГОРИТАМОТ „ВЕШТАЧКА КОЛОНИЈА НА ПЧЕЛИ“

  • Biljana Raicevik Velkovska
  • Saso Gelev
  • Anis Sefidanoski
  • Zorica Kaevik

Аннотация

Апстракт
Алгоритамот Вештачка колонија на пчели - (Artificial bee colony) АBC е од неодамна воведен
алгоритам за глобална оптимизација. Припаѓа во групата на пчелни алгоритми, односно во
групата на интелигенција на ројот (Swarmintelligence). Тој симулира интелегентно однесување
на ројот пчели во пронаоѓање на храна – мед. Овој алгоритам е едноставен и доста
флексибилен, како и со тенденција на постојано усовршување.
Токму интелегентното однесувањето на ројот пчели (Swarm Intelligence) е главната идеја за
содавањето на овој алгоритам. Toj, врз основа на интелегентното однесување на пчелите во
ројот, го организира функционирањето на компјутерскиот систем и неговите комуникации со
опкружувањето. Со други зборови ги организира поделбата на улогите, начинот на
комуникација и пренесувањето на поволните информации.
АBC алгоритамот, кој ги користи принципите на функционирањена на таканаречената
вештачка колонија на пчели и вештачки невронски мрежи, во овој труд се користи за решавање
на проблемот препознавање на банкноти.
Клучни зборови
Алгоритамот „Вештачка колонија на пчели“, интелигенција на ројот, АBC алгоритамот,
препознавање на банкноти.

Скачивания

Данные скачивания пока недоступны.
Опубликован
2021-10-22
Как цитировать
Raicevik Velkovska, B., Gelev, S., Sefidanoski, A., & Kaevik, Z. (2021). АЛГОРИТАМОТ „ВЕШТАЧКА КОЛОНИЈА НА ПЧЕЛИ“. ETIMA, 1(1), 352-358. извлечено от https://js.ugd.edu.mk/index.php/etima/article/view/4527