ДЕНТАЛНИТЕ ЛАСЕРИ- ПРЕДИЗВИК НА СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈА
Аннотация
Ласерската технологија станува сè попопуларна во стоматологијата во последните неколку децении. Денталните ласери поседуваат мноштво на индикации кои се изведуваат во секојдневата стоматолошка пракса, вклучувајќи третман на пародонталните заболувања (ласерите може да се користат за отстранување на инфламираното гингивално и пародонтално ткиво и за промовирање на растот на здравото ткиво); отстранување на каризоните лезии (ласерите може да се користат за отстранување на кариесот на забите, без употреба од анестезија); белење на заби (ласерите може да се користат за активирање на средствата за белење и подобрување на ефикасноста на третманите за белење на забите); за изведување на биопсија (ласерите може да се користат за отстранување на мали примероци од ткиво за биопсија); процедури на меките орални ткива(Ласерите може да се користат за преобликување или отстранување на ткивото на непцата за да се подобри изгледот на насмевката). Најважни за споменување се придобивките од употребата на ласери во стоматологијата од кои најзначајни се намалена болка и непријатност кај пациентот, намалено крварење и побрзо време на заздравување. Ласерите исто така можат да бидат попрецизни од традиционалните стоматолошки алатки, што овозможува значително поконзервативен третман.