ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: МОДЕЛИ НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

  • Деспина Ристова Делипетрева Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Аннотация

Енергетската економија е збир на економии кои ги анализираат енергетските пазари, според најнови истражувања на Кембриџ. Во 1990-тите, сè поголем број земји организирале пазари на големо за електрична енергија. Иако пазарните правила може да се разликуваат од земја до земја, тргувањето со електрична енергија генерално се заснова на униформни механизми за аукција на цени, а тоа е систем каде секој активен производител ја добива истата цена за секоја единица производ за која е повикан, се додека неговите понуди се пониски од клириншката (пречистената) цена пресметана од операторот на пазарот. Пазарот е механизам кој се појавил многу одамна, во многу цивилизации. Со текот на годините, пазарите еволуирале од едноставна локација, каде што неколку луѓе без претходен договор се собирале и разменувале стоки, до виртуелна средина каде информациите циркулираат електронски, а трговијата се прави со едноставен клик на компјутерот. И покрај овие технолошки промени, основните принципи не се променети - пазар е место каде продавачите и потрошувачите се среќаваат за да тргуваат. За да се анализира конкуренцијата на пазарите на електрична енергија, неопходно е да се разјаснат претпоставките за понудата и побарувачката, но и за пазарните правила и регулаторни инструменти, кои ќе бидат опфатени во понатамошниот текст на трудот.

Скачивания

Данные скачивания пока недоступны.
Опубликован
2024-03-13
Как цитировать
Ристова Делипетрева, Д. (2024). ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: МОДЕЛИ НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА. ETIMA, 2(1), 68-75. https://doi.org/10.46763/ETIMA2321068rd