ЖЕТВАТА И ЖЕТВАРСКОТО ПЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА (КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ)

  • Родна Величковска

Abstract

Жетвата, со целиот комплекс обичаи, обреди, верувања и пеење, претставува еден од клучните настани во народниот календар. Таа, како и секоја друга традиционална дејност во Македонија, е поврзана со разни обредни и магиски дејства, кои се наследени од далечното минато. Почетокот и крајот на жетвата се проследени со бројни ритуални практики, кои имаат голем број заеднички и општи карактеристики со источнословенските народи, со што се потврдува постоењето на една општословенска појава при обавувањето на обредите и обредното пеење.

Published
2019-01-28