СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ ЗА СВОЈАТА ОСПОСОБЕНОСТ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ
Abstract
Значаен сегмент во практичното оспособување на студентите – идни наставници, покрај педагошката практика, од особено значење е и теоретската и практична настава по предметот Природни науки кој се изучува како задолжителен наставен предмет во одделенска настава на Факултетот за образовни науки и изборен во предучилишното воспитување. Спектарот на знаењата и вештините кои треба студентите – идни наставници да гипоседуваат е широк и комплексен и би требало да се овозможи ефикасно и успешно реализирање на наставата по предметот Природни науки. Целта на овој труд е да се изврши квантитативна анализа на ставовите и мислењата на студенти во
одделенска настава на Факултетот за образовни науки во Штип за својата практична оспособеност за реализација на часовите по предметот Природни науки во одделенска настава во деветгодишното основно образование. Анкетирани се15 студенти, во истражувањето се користени описни и аналитички методи, а резултатите се статистички обработени.