ГРАМАТИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ ПРЕКАЖАНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Сашка Грујовска

Abstract

Во трудот се разгледуваат граматичките средства за означување прекажаност во македонскиот и во германскиот јазик на современ план. Не станува збор за одделни граматички морфеми со кои се означува единствено дека говорителот го базира својот исказ врз туѓи зборови, туку се работи за граматички морфеми со кои, покрај прекажаност, се маркираат и граматичките категории време, лице, број, начин и залог. Изборот на граматичката морфема за означување прекажаност зависи од глаголското време што било употребено во оригиналниот исказ што се прекажува. Во фокусот на анализата се примери во кои глаголските времиња се употребени со примарното значење. Дополнително, разгледани се и примери со дел од секундарните значења на некои од глаголските времиња. Се анализира дали наставката за определено глаголско време или значењето на тоа време во конкретниот пример е пресудно за изборот на наставката за означување прекажаност.

Published
2019-01-28