ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ТРАДИЦИЈАТА И МЕНТАЛИТЕТОТ ВО РАСКАЗОТ „СТАРИТЕ ДНИ“ ОД БОРА СТАНКОВИЌ

  • Луси Караниколова-Чочоровска

Abstract

Оваа статија ги третира т.н. „елементи на традицијата“ во расказот „Старите дни“ од Бора Станковиќ.
Под „елементи на традицијата“ ги подразбираме оние ентитети кои служат за „прочит“, и тоа без особен напор, на обичаите, размислувањето и начинот на однесување, кои, секако и повторно „традиционално“ се, односно треба да бидат во согласност со она „нашето“ - „што ќе речат луѓето“ (=јавното мислење). Станува збор за увид во оние, вкоренети во нашиот, „балкански“ менталитет непишани правила на културата на живеењето, а кои традицијата ги задржала во една потесна или поширока социјална и национална средина. Тие, „елементите на традицијата“, треба да ги покажат (и не мора да ги докажат)
белезите на менталитетот на еден народ.

Published
2019-01-29