КОРЕЛАЦИЈА, МОРФОЛОШКА АНАЛИЗА И ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗБОРУВАЧИТЕ НА СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ
Abstract
Голем предизвик за лингвистите беше да се реконструира индоевропскиот јазик и да се дојде до неговите главни граматички осoбини. Тоа е постигнато преку споредбено-историскиот метод, како и со методичко сведување на различни соодветни зборови во сродни јазици кон хипотетички форми од кои тие можеле да се развијат според законите за фонетски, семантички и морфолошки развиток. Оваа статија има за цел да афирмира неколку суштински сличности и разлики помеѓу словенските јазици со помош
на морфолошка анализа, како и тоа да укаже на нивната меѓусебна поврзаност. Преку конкретни примери, од морфолошки аспект, направен е кус преглед како секој јазик поединечно се развил и се укажува на нивната сродност. Исто така, се става акцент на интеркултурната комуникација како одговор на предизвиците на мултикултурната физиономија на современото општество. Преку теориите на Јуриј Лотман и Рождественски, опишани и толкувани се различни видови на допирни феномени меѓу културите одредени како засебни ентитети, критичкиот пристап на традиционалните разбирања на мултикултурните и интеркултурните поими, поставките на мултикултурализмот и транскултуралноста, како и естетските и етичките аспекти на културолошката интеракција.