„СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ“ – ТЕОРИСКИТЕ ПРЕМИСИ ЗА КУЛТУРАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

  • Силвана Симоска

Abstract

Препознатливата програматична премиса на Гоце Делчев „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ ќе биде разгледана во контекст на теоријата на културата. Поаѓајќи од етимонот на поимот култура (лат. colere ‚негува‘), па сè до нормативните сфаќања (елитен, цивилизациски, емфатички) за културата во оваа статија критички ќе се деконструираат и ќе се сопоставуваат различните концепти за културата и нивните импликатури (историја, јазик, идентитет и сл.) во балкански, европски и глобален контекст. Низ рефлексија на Делчевиот поим за културата во смисла на натпревар меѓу народите, т.е. пред сè како компетитивна самобитност и цивилизациски напредок (во смисла на социологот Норберт Елиас), а помалку како култура на победници и надредени моќници (критички поим за културата според Валтер Бенјамин) ќе се скицира далекосежноста на македонскиот деец, Гоце Делчев, од 19 век.

Published
2019-01-30