КОНКЛУЗИВОТ ВО БУГАРСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК И ВО МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ
Abstract
Бугарскиот литературен јазик располага со поголем спектар на форми и конструкции поврзани со категоријата евиденцијалност во споредба со македонскиот литературен јазик. Особено впечатливо во бугарскиот јазик е тоа што во рамките на индиректната евиденцијалност постои формална разлика помеѓу прекажаната и инференциската индиректна евиденцијалност, макар што таа разлика не е голема и не се однесува на сите лица, туку само на третото лице на еднината и множината. Формите на инференциската евиденцијалност најчесто се нарекуваат конклузивни форми, односно конклузив. Слична појава регистриравме и на македонскиот дијалектен простор, во југоисточното наречје. Оваа појава не е доволно истражена во македонската лингвистика и не им е позната ниту на македонскиот литературен јазик ниту на западното наречје.