„ВАСИЛИСА ПРЕКРАСНА“
Abstract
Инспирација за овој труд беше истоимената руска приказна „Василиса Прекрасна“, низ чии редови се провлекува злото и доброто. Приказната „Василиса Прекрасна“ ѝ е позната на македонската читателска публика преку преводите на македонски. Исто така, во 2004 година, оваа бајка беше испирација за истоимената детска претстава, поставена и во Театарот за деца и млади, каде што ја собираше младата публика. Денес може да се најде на различни интернет-страници, како една од најпознатите светски приказни. По овој повод ќе се обидеме да покажеме како е претставена „Василиса Прекрасна“ на македнски јазик и да направиме споредба со оригиналната верзија – на руски јазик, со акцент на интерпункцијата, како еден од важните елементи на стилот на секој текст, односно на секаков вид текст.