УСВОЈУВАЊЕ НА ТРЕТ ЈАЗИК (Ј3)

  • Марија Тодорова
  • Весна Коцева

Abstract

Многујазичноста и многујазичното усвојување се сложени феномени кои не само што ги опфаќаат сите фактори и процеси поврзани со усвојувањето на втор јазик и со билингвизмот, туку опфаќаат и посложени фактори и процеси поврзани со можното заемно дејство помеѓу изучуваните јазици. Процесот на усвојување на неколку јазици,
т.е. многујазичното усвојување и многујазичноста како краен резултат од овој процес, се релативно помалку застапени во научните истражувања во споредба со усвојувањето на втор јазик и билингвизмот. Целта на овој труд е да се запознаеме со терминологијата поврзана со многујазичното усвојување. Накратко ги дефинираме клучните поими:
прв, втор и трет странски јазик, потоа ги објаснуваме процесите на изучување на трети јазици, стиловите и стратегиите за учење и на крај ја анализираме улогата на мајчиниот јазик и на првиот странски јазик при изучувањето на втор странски јазик.

Published
2019-01-30