ПОСТАВЕНОСТА НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ ВО ИНИЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА НАСТАВНИЦИ
Abstract
Еден од факторите за квалитетно остварување на наставничката дејност и професија преставува придавањето на значење на очекуваните комуникациски компетенции во иницијалното образование на наставниците од основното образование. Посебно што современата настава и учење на учениците од основното образование, преставува основа за нивен понатамошен равој и приод кон различните начини на усвојување и унапредување на сопствените знаења, способности и вештини. Во однос на наставниците, иницијалното образование претпоставува основа за базично формирање на наставничкиот профил, третиран низ аспектите на знаењата, способностите, вештините и умеењата. Процесот на иницијална обука за наставник во основно образование, почнува, тече и се заокружува испреплетено низ стекнување на комуникациски компетенции, потребни за старатување и вклучување во воспитно-образовна практика. Затоа прашањето за поставеноста, осмисленоста и вреднувањето на комуникацислите компетенции на наставниците во време на нивното иницијално образование, заслужува посебно педагошко третирање. За таа цел е спроведено истражување од квалитативна природа, со користење на дескриптивен и компаративен метод на истражување и примена на анализа на содржина како техника на истражување. Примерокот на истражување ги опфаќа дескрипторите на студиските програми за иницијално образование на наставници за основно образование на државните универзитети во Р.Македонија.